Утрински Весник
Магазин

Новиот филм за Вили Вонка регрутира ново актерско трио

Новиот филм за Вили Вонка регрутира ново актерско трио

Филмот „Вонка“ пронајде уште неколку протагонисти. На Тимоти Шаламе како титуларен лик , ќе му се придружат Роуан Аткинсон („Мистер Бин“), Сали Хокинс („Обликот на водата“) и Оливија Колман („Круната“).

Претстојниот филм, насловен „Вонка“, е претходник на класикот „Чарли и фабриката за чоколади“ и се фокусира на раниот период од животот на ексцентричниот чоколадер Вили Вонка.

Режисер на претстојниот филм е Пол Кинг („Падингтон“) . Дејвид Хејман, кој соработуваше со Кинг на „Падингтон 2“, а претходно работеше на филмовите од франшизата „Хари Потер“ ќе биде копродуцент заеднос со Лук Кели.

Можете да прочитате

Скопје една вечер живееше во духот на стариот Холивуд – спектакл на Atelier Per Sempre со мода, кабаре и гламур

Денеска е Меѓународен ден на ненасилство

Над 1,2 милијарди луѓе го користат „Чет-ГПТ“ неделно