Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Шилегов да ѝ се извини на јавноста за кампот со контроверзни активности

(Видео) Митева: Шилегов да ѝ се извини на јавноста за кампот со контроверзни активности

После настаните во првиот скопски извиднички одред можеме да заклучиме дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, или не знае што финансира или свесно ги финансира проектите со контроверзна содржина изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Се согласувам со Шилегов дека сепак, децата се најважни. Но грижата сега е наша, а одговорноста негова. Средношколци, малолетни деца биле поттикнувани и присилувани да изведуваат активности, кои за нив биле непријатни, неприфатливи и за некои деца и шокантни. Откако скандалот на злоупотреба и манипулација на децата се обелодени тогаш Шилегов веднаш недвосмислено се огради. Со тоа даде директно признание дека одговорноста е негова“, рече Митева.

Според неа, Шилегов безобразно ја манипулира јавноста и тврди дека не знае за вакво нешто и нема никаква врска со настанот.

„Документите кои ги објавувме вчера го покажаа токму спротивното. Град Скопје знаел за проектот, го одобрил и финансирал. Ова се тие документите кои го докажуваат тоа. Шилегов треба да одговори кој ја контролира работата и кој ги одобрува програмите на вакви кампови? Бараме од Шилегов две работи, прво да ги побара парите кои ги доделил на организацијата, и второ но не помалку важно да се извини на јавноста, да се извини на загрижените родители и да се извини на учесниците“, рече Митева.

Таа праша дали Министерството за труд и социјална политика, или Министерството за образование и наука знаат што се случува?

Можете да прочитате

(Фото) Тешка сообраќајка на Пресека

Рe-позиционирање пред локални избори на партиите

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата