Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО молчи за Шилегов кој е фатен жив како мести тендер од 300.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО  молчи за Шилегов кој е фатен жив како мести тендер од 300.000 евра

ЈО молчи за Шилегов кој е фатен жив како мести тендер од 300.000 евра, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Ги повикуваме ЈО и сите останати институции да отворат истрага за Петре Шилегов и Душко Весковски. Предадовме документи во ЈО од кои јасно се гледа дека ЈП Водовод вовел фирма во работа, која ги завршила градежните зафати, а дури два месеци потоа распишале тендер и потпишале договор за да ја исплатат фирмата.

Криминалите на Шилегов не застануваат тука. Профитерот Шилегов нема тендер во последните две години кој не е потпишан на сума скоро иста со сумата која е предвидена за постапката. Скоро и да немало наддавање. Воочлива е играта на Шилегов.

Дали некој од СДСМ кажува кои фирми може, а кои не да учествуваат на тендери“ додаваат од партијата.

Оттаму велат дека ЈО имало повеќе од доволно докази за да отвори случај и да подигне обвиненија против Шилегов, кој, како што наведуваат очигледно години наназад ги злоупотребувал јавните финансии.

„ Работењето на Шилегов како и на сите други градоначалници кои работеле криминално ќе биде предмет на ревизија, а потоа ќе следуваат и пријави веднаш по промената на власта. Одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните ќе има“ предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Врзано куче влечено со автомобил кај Крива Паланка

Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Сончево и топло време – попладне се очекува појава на дожд