Утрински Весник
Македонија

Регистрирани 412 нови случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Регистрирани 412 нови случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Денес се регистрирани 412 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 изнесува 191.820

Направени се 3.379 тестирања, оздравени се 395 пациенти, а пријавени се 12 починати лица во изминативе 24 часа.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар(73г), Делчево (59г), Кавадарци ( 85г),Крива Паланка ( 67г) и Тетово (64г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години. Од пријавените лица сите се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820 бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089.

Можете да прочитате

Секое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов

УХМР издаде „жолт хидроаларм“: Поплави и излевање на реки можни во пола Македонија