Утрински Весник
Македонија

Заев: Кога ќе се објави извештајот за пожарот во Тетово, веднаш ќе го кажам ставот за понудените оставки

Заев: Кога ќе се објави извештајот за пожарот во Тетово, веднаш ќе го кажам ставот за понудените оставки

Изминуваат три недели од пожарот во тетовската болница, каде изгореа 14 пациенти. Обвинителството тврди дека се работи на случајот и се собрани сите докази, кои се предмет на анализа.
Премиерот Зоран Заев, прашан кога ќе донесе одлука за понудените оставки од министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани, го повтори веќе познатиот став – откако ќе се објават извештаите.

„Јас знам дека форензичките извештаи и анализите се при крај. Очекувам да се објават. Ден поскоро е подобро за да ги решиме сите овие дилеми. Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности, ред е да се објави извештајот за да можам и јас да го кажам својот став за оставките од министерот и заменик-министерот“, рече Заев.

Последните информации од Обвинителството се дека тимот на истражители добива засилување од нови четворица обвинители, за да се утврди кој е виновен и што е причината за катастрофалниот пожар.

Можете да прочитате

Украински дронови го нападнаа Санкт Петербург

Циклон од Џенова над Македонија: Ни доаѓаат обилни врнежи и невреме

СДСМ Карпош во одбрана на Богоев: Не ја потценувајте интелигенцијата на карпошани