Утрински Весник
Спорт

Отаменди со порака до Фати: Ти со лажниот Меси

Отаменди со порака до Фати: Ти со лажниот Меси

Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати, доживеа вистинско понижување во Лисабон. Барселона забележа уште еден убедлив пораз во Лигата на шампионите, Бенфика славеше против тимот на Роналд Куман со 3:0.

Последните 25 минути ги одигра Ансу Фати, кој во неделата се врати на терените по пауза од една година.

Фати, од оваа сезона ја носи „десетката“, која беше заштитен знак на клупската легенда Лионел Меси.

Ансу Фати, во неделата, против Леванте, постигна гол во победата над Леванте од 3:0, но против Бенфика беше невидлив на теренот.

Тоа го искористи капитенот на Бенфика, Николас Отаменди, кој во последните секунди од натпреваорт при еден вербален дуел го понижи Фати.

„Значи ти си лажниот Лионел Меси“.

> Отаменди со порака до Фати: Ти со лажниот Меси <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина