Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Британија тензии поради недостигот на гориво, луѓето се тепаат на бензинските

(Видео) Во Британија тензии поради недостигот на гориво, луѓето се тепаат на бензинските

Почна со недостаток на возачи за камиони, продолжи со недостаток на продукти во продавниците, па на ред дојдоа редовите за гориво пред бензинските пумпи.

Оваа последна криза во Британија е толку голема што владата ја ангажираше војската да транспортира гориво на празните бензински пумпи.

Главната причина за хаосот пред сè е Брегзит и политика на Владата на Британија да ја изнесе земјата од Европската Унија, пишуваат тамошните медиуми.

Со тоа се појави недостаток на 90.000 до 120.000 возачи на камиони на британскиот пазар на работна сила.

Британската влада ја ангажираше војската за транспорт на гориво, кое иако не недостатува, сепак нема начин да стигне на бензинските пумпи.

Паниката која се создаде повлече дел од граѓаните да почнат да складираат залихи. Најкритично е на бензинските пупми каде поради големата тензија и нервоза има и тепачки.

Можете да прочитате

Лажни дојави за поставени бомби на европските летови – неколку авиони извршија принудно слетување

ЕУ ги повика граѓаните да подготват храна и вода за 72 часа – од што стравува Европа?

Иранците запалија џиновски транспарент со Трамп, Венс, Нетанјаху и Виткоф