Утрински Весник
Македонија

Ревакцинирани 43.6% од полнолетните граѓани во државата

Ревакцинирани 43.6% од полнолетните граѓани во државата

Две дози вакцина во Македонија примиле 43.6% од полнолетните граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 44 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓанин.

52% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47,2% , а со две дози опфатени се 43,6% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Можете да прочитате

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата

До 18 часот 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни

Јаневска: За жал, резултатите на ПИСА 2025 се многу лоши, имавме подобри во 2001