Утрински Весник
Свет

Путин го посоветува Ердоган да ја прими руската вакцина

Путин го посоветува Ердоган да ја прими руската вакцина

На состанокот во Сочи, рускиот претседател Владимир Путин го советуваше својот турски колега Реџеп Таип Ердоган да ја прими руската вакцина против коронавирус „спутник В“, нагласувајќи го своето добро искуство со таа вакцина.

Путин му рече на Ердоган дека морал да помине извесно време во самоизолација поради контакт со заразени луѓе.

„ Без оглед што бев цел ден со заразено лице, не се разболев. Значи, следниот пат кога ќе се ревакцинирате, направете го тоа на време и со Спутник“, му рече на турскиот лидер.

Како што беше претходно објавено, темите на средбата меѓу Путин и Ердоган беа билатералните односи и регионалните проблеми – ситуацијата во Сирија, Либија и Авганистан и Кавказ. Не беше закажана заедничка прес -конференција.

За Путин, ова е прва средба лице в лице откако се повлече во самоизолација пред две недели.

Можете да прочитате

Претседателот на Боцвана прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради недостиг на лекови и медицинска опрема

Трамп: Кина мора да ги снабдува САД со магнети или ќе се соочи со царини од 200 отсто

Големиот пожар во пристаништето во Хамбург е изгаснат