Утрински Весник
Свет

Раководител на руска компанија за сајбер безбедност осомничен за предавство на државата

Раководител на руска компанија за сајбер безбедност осомничен за предавство на државата

Руските власти го уапсија Илја Сачков, директор на големата руска компанија за сајбер безбедност „Груп ИБ“, под сомнение за велепредавство.

Судот во Москва објави дека Сачков ќе остане во притвор два месеци.

Компанијата објави дека руските безбедносни служби вчера извршиле претрес во нејзините канцеларии во Москва. Од „Груп ИБ“ се уште не ги коментирале информациите и апсењето.

Таа е една од најистакнатите руски компании во сегментот на сајбер -безбедност. Компанијата е фокусирана на истрага за криминал од висока технологија и измама преку Интернет.

Компанијата има клиенти низ целиот свет, вклучувајќи банки, енергетски компании, телеком и Интерпол.

Адвокатот на Сачков во моментов не е достапен за коментар, а во овој момент не е јасно на што точно се однесуваат обвинувањата, пишуваат руските медиуми.

За велепредавство во Русија постои казна до 20 години затвор, а деталите од таквите случаи, како што пишуваат агенциите ретко стигнуваат до јавноста поради нивната доверлива природа.

Можете да прочитате

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина

Русија: Ако Ерменија го продолжи патот кон ЕУ, Ереван ќе плаќа поскапи енергенси