Утрински Весник
Магазин

„Нетфликс“ не планира да купи синџир киносали

„Нетфликс“ не планира да купи синџир киносали

„Нетфликс“ нема да купува синџир на киносали, изјави еден од извршните директори, Тед Сарандос, отфрлајќи ги шпекулациите што почнаа да кружат откако стриминг-гигантот купи две кина.

Компанијата поседува една киносала во Њујорк, купена во 2019 година, и една во Лос Анџелес, која ја купи во 2020 година. „Нетфликс“ ги користи кината за одржување филмски премиери и прикажување на некои од своите оригинални филмови.

Запрашан на конференцијата на Vox Media Code дали следниот чекор на „Нетфликс“ е да стане сопственик на синџир киносали, Сарандос одговори „не“.

Тој, исто така, рече дека очекува кината да го преживеат подемот на стримингот, но сепак, публиката помалку ќе оди во некое локално кино ако може да гледа толку многу програми дома.

„Мислам дека одењето во кино ќе биде поретко, можеби и поскапо. Но, користејќи го како причина или настан за излегување од дома, луѓето секако дека нема да престанат да гледаат филмови во киносали.“

Можете да прочитате

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри

Настап што ги расплака сите, натпреварувач од шоуто „ТЛЗП“ се трансформираше во легендарниот македонски пејач Тоше Проески