Утрински Весник
Свет

29 лица загинаа во немирите во затворот во Еквадор

29 лица загинаа во немирите во затворот во Еквадор

29 лица загинаа а 42 се повредени во новите немири во затворот на северозапад од Еквадор, објавија локалните власти.

Обвинителството на Твитер објави дека отворило истрага за немирите и убиствата на 29 лица во затворот Гвајакил.

Според обвинителството, на шестмина приведени им биле отсечени главите.

Оваа година, како што јавуваат медиумите, веќе имаше насилни немири во затворот, а се случуваат судири меѓу членовите на разни банди.

Во Еквадор има околу 60 затвори со капацитет од 29.000 места, но нивниот капацитет е надминат за околу 30 проценти и во нив има 38.000 затвореници, надгледувани од 1.500 чувари.

Според експертите, 4.000 чувари би биле потребни за ефикасно да се контролира тој број затвореници.

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот