Утрински Весник
Спорт

„Немавме среќа. Не можам да го објаснам ова“

„Немавме среќа. Не можам да го објаснам ова“

Шериф, шампионот на Молдавија, ја приреди една од најголемите сензации во историјата на Лигата на шампионите. Легијата на странци, синоќа, среде Мадрид, го победија Реал со 2:1.

„Тажни сме. Повеќе сме тажни, не сме загрижени. Игравме со висок интензитет, некои ситни грешки не однесоа во пораз. Можевме да бидеме прецизни во завршницата. Во некои моменти немавме среќа. Шериф добро се бранеше и беше убиствен во нападот. Тешко е да се објасни ова…“, рекол тренерот на Реал, Карло АНчелоти.

Реал во третото ќе гостува кај Шахтјор. По првите две кола, Д-групата ја предводи Шериф со шест бода, Реал има три, а Интер и Шахтјор по еден бод.

> „Немавме среќа. Не можам да го објаснам ова“ <

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија