Утрински Весник
Магазин

Даниел Крег сака Астон Мартин од 007, ама не му го даваат

Даниел Крег сака Астон Мартин од 007, ама не му го даваат

Даниел Крег посакува да можел да го задржи автомобилот „Астон Мартин“ од најновиот филм за Џејмс Бонд, но компанијата не му дозволува.

53 -годишната sвезда ја повторува улогата на 007 по петти и последен пат во филмот „Не е време за умирање“ и призна дека не му било дозволено да го задржи луксузното возило што го возеше како шпион.

„Нема да ми дозволат да го земам автомобилот,“ рече тој.

Кога ќе ме прашаат какви предмети имам дома од петте филмови, јас им велам дека не сум клептоман. „Цело време прашуваат за сувенири, тие мислат дека сум клептоман“.

Тој на своите фанови им тврдеше дека No Time to Die ќе има повеќе гаџети од претходните четири филмови, нарекувајќи го Aston DB5 „врвна шпионска алатка“.

No Time to Die ја имаше својата светска премиера во Ројал Алберт Хол во Лондон во вторникот (28 септември), а Даниел за последен пат продефилира на црвениот тепих во смокингот на Бонд.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 26 мај 2026 година

Што да јадете кога сте мамурни? Храна што го олеснува опоравувањето

Состојка која го чисти шпоретот за миг