Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Конфликт меѓу Унгарија и Украина, амбасадорите викнати на разговори за рускиот гас

Конфликт меѓу Унгарија и Украина, амбасадорите викнати на разговори за рускиот гас
300x250 opst2

Украинското Министерство за надворешни работи го покани унгарскиот амбасадор на консултации со цел да го запознае со позицијата на Киев по прашањето на унгарскиот договор со руски „Газпром“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

„Министерството за надворешни работи на Украина го поканува амбасадорот на Унгарија во Киев да го запознае со нашата фундаментална позиција “, изјави Николенко додавајќи дека тоа е пропорционален одговор на чекорите на Будимпешта, пренесуваат руските агенции.

Претходно денеска, украинскиот амбасадор беше повикан во Министерството за надворешни работи на Унгарија за да му биде предаден протест против, како што рече министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, „обидите на земјата да го наруши долгорочното снабдување со гас на Унгарија“, што таа земја го смета за кршење на суверенитетот.

Унгарскиот министер во објава на Фејсбук напиша дека Унгарија вчера потпиша 15-годишен договор за снабдување со гас со рускиот енергетски гигант „Газпром“, ветувајќи дека ќе купува 4,5 милијарди кубни метри гас секоја година во следната деценија.

Како одговор, украинското министерство за надворешни работи издаде соопштение во кое се наведува дека ќе се обрати до Европската комисија и ќе го одложи состанокот на унгарско-украинскиот економски комитет, бидејќи договорот, со кој се избегнуваат украинските транзитни правци, ги крши принципите на унгарско-украинскиот договор од 1991 година.

Можете да прочитате

Мажот кој пукаше во Минхен остави порака дека поставил бомба на Октоберфест

Се менува системот за влез во ЕУ – по идната недела нови правила на границите

Цените на нафтата паѓаат по вестите за изгледите за прекин на огнот во Газа