Утрински Весник
Спорт

Голманот на Астон Вила за Роналдо: Исти сме, двајцата ја чекаме топката пред голот

Голманот на Астон Вила за Роналдо: Исти сме, двајцата ја чекаме топката пред голот

Голманот на Астон Вила, Емилијано Маринез, не престанува да го провоцира Кристијано Роналдо. Откако, изминатиот викенд, го предизвика тој да го шутира пеналот во 93.минута, кој подоцна го промаши Бруно Фернандеш, тој рекол дека нема никава разлика помеѓу нив двајца.

„Не гледам никаква разлика помеѓу мене и Роналдо. Имаме сличен стил на игра. Двајцата стоиме во шеснаесетникот и ја чекаме топката“, рекол аргентинскиот репрезентативец, алудирајќи на тоа дека Роналдо не прави ништо друго на теренот, туку ја чека топката пред голот за да поентира.

> Голманот на Астон Вила за Роналдо: Исти сме, двајцата ја чекаме топката пред голот <

Можете да прочитате

Барди и Коњаспор остана без трофеј во Купот на Турција

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации

Билети за натпреварот Босна и Херцеговина – Македонија достапни преку платформата на ФФМ