Утрински Весник
Свет

Талибанците им забранија на жените пристап до факултетите

Талибанците им забранија на жените пристап до факултетите

На жените повеќе нема да им биде дозволено да посетуваат предавања или да работат на Универзитетот во Кабул додека не се создаде „исламска средина“, изјави портпаролот на Талибанците.

„Се додека не постои вистинска исламска средина, на жените нема да им биде дозволено да доаѓаат на универзитет – на училиште или на работа. Исламот пред се“, рече Мохамед Ашраф Гаират.

Претходно оваа недела, Гаират на Твитер напиша дека Универзитетот во Пашту работи на создавање план што ќе овозможи образование за студентки, но не прецизираше кога ќе се имплементира.

„Поради малиот број предавачи, работиме на план што ќе им овозможи на мажите да им држат предавања на жените, но зад завесата што ќе ја поставиме во аудиториумите. Ова ќе создаде средина која ќе биде во согласност со исламот“, рече тој.

Можете да прочитате

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја

Сите петмина заробени рудари во чилеанскиот рудник пронајдени мртви