Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден мотоциклист по удар од патничко возило во Тетово

Тешко повреден мотоциклист по удар од патничко возило во Тетово

Вчера во 16.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од бул.„Илинденска“ и ул.„Никола Тесла“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“, управувано од Ф.Р.(27) од с.Пирок, тетовско и мотоцикл „пиаџо“, управуван од Љ.О.(54) од Тетово, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Тетово.

Можете да прочитате

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ гласаше против повисоки плати за Армијата и пожарникарите

Сиљановска-Давкова на прием кај Ердоган пред Самитот на НАТО во Анкара

Жена пронајдена почината во домот во Аеродром