Утрински Весник
Свет

Животот во Сиднеј за невакцинираните станува се потежок – може да им се забрани влез и во продавници

Животот во Сиднеј за невакцинираните станува се потежок – може да им се забрани влез и во продавници

Граѓаните на Сиднеј кои не се вакцинирани против коронавирус ризикуваат да добијат забрана за разни социјални активности.

Според планот за излез од блокадата во најголемиот австралиски град, на невакцинираните луѓе веќе им се ускратени некои активности, кои постепено ќе им бидат одобрувани на вакцинираните жители од 11 октомври до 1 декември, пренесува „Ројтерс“.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Гладис Береџкилијан, изјави дека на луѓето кои ќе изберат да не се вакцинираат може да им се забрани пристап до продавници, ресторани и забавни содржини, дури и откако државата ќе ги укине сите ограничувања.

„ Многу компании објавија дека нема да прифатат никого што не е вакциниран. Животот на невакцинираните ќе биде многу тежок, на неодредено време”, изјави Береџкилијан.

Можете да прочитате

Стармер: Велика Британија нема да распоредува свои трупи во Иран

Швеѓанец ја принудувал сопругата на сексуални услуги со повеќе од 120 мажи

Во поплавите во Пакистан и Авганистан загинаа 45 лица