Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Измамник од Скопје нудел огревни дрва по поволна цена, ги земал парите и го снемало

Измамник од Скопје нудел огревни дрва по поволна цена, ги земал парите и го снемало
300x250 opst2

Од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар поднесена е кривична пријава против Н.Д.(45) од Скопје, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“, предвидено и казниво од Кривичниот законик.

Имено пријавениот, на 07.03.2021 во с. Долно Лисиче, скопско, со намера да се стекне со противправна имотна корист на оштетениот В.Ц. од Скопје му се претставил како превозник-трговец со огревни дрва, нудејќи му огревни дрва по поволна цена, ако му позајми 14.500 денари за да ја замени гумата од камионот, на кој му се натоварени дрвата за продажба.

Откако ги земал парите, Н.Д. ниту донел дрва, ниту се јавувал.

На тој начин го довел во заблуда оштетениот, кој му ги дал парите и еден мобилен телефон на пријавениот, со што Н.Д. се стекнал противправна имотна корист од околу 20.000 денари.

Можете да прочитате

Мицкоски: Коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица е за пари, ВМРО-ДПМНЕ е за народот

Костова: Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом

Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти во новиот мандат