Утрински Весник
Спорт

Реал и Баерн го „демнат“ Ридигер

Реал и Баерн го „демнат“ Ридигер

Антонио Ридигер, ја одбил понудата на Челси да го продолжи договорот. Актуелниот договор на Ридигер истекува по завршувањето на сезоната. Доколку не потпише нов, тој ќе може без обесштетување да го напушто „Стенфорд Бриџ“.

Ридигер, кај Томас Тухел, стана незаменлив во првата постава. Според многумина тој е еден од тројцата најдобри дефанзивци во Европа.

Поради тоа, Челси се обидуваат да ја продолжат соработката со него. Како сега стојат работите, Ридигер, нема да остане во Лондон.

Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следат Реал Мадрид и Баерн Минхен. Доколку се реши за еден од овие два клуба, Ридигер ќе добие и дополнителен бонус за потписот.

> Реал и Баерн го „демнат“ Ридигер <

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција