Утрински Весник
Спорт

Фалкао во голгетерска форма – трета победа во низа за Рајо на Димитриевски

Фалкао во голгетерска форма – трета победа во низа за Рајо на Димитриевски

Радамел Фалкао трет меч во низа дава гол за Рајо Валјекано, кои третпат во низа победуваат, овојпат со 3:1 против Кадиз за да се искачат на петтото место на табелата во Ла лига.

Тимот на Столе Димитриевски дојде во водство веќе во деветтата минута преку Алваро Гарсија, но гостите успеаја да израмнат во 23. минута преку Ерменецот Вараздат Харојан.

Тогаш на сцена стапи Фалкао, кој летово го комплетираше неочекуваниот слободен трансфер во мадридското предградие од Галатасарај, постигнувајќи го водечкиот гол во 44. минута од мечот. Исак Палазон во 87. минута од мечот со прекрасен гол ја потврди победата на „громовите“.

ЛА ЛИГА, 7.КОЛО

Рајо Валјекано – Кадиз 3:1

Реал Сосиедад – Елче 1:0

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Фалкао во голгетерска форма – трета победа во низа за Рајо на Димитриевски <

Можете да прочитате

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп