Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска обврска и ја спроведе постапката за попишување.

Како што истакна тој, на овој начин тие станаа партнер во овој процес за да може државата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата врз основа на добиените податоци да обезбедат подобар живот за сите граѓани на Северна Македонија.

„Остануваат уште 4 дена до крајот на најважната и најсложена статистичка операција – Попис на населението, домаќинствата и становите, којашто ја спроведува Државниот завод за статистика. По 20 години, конечно нашата држава ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните“, рече премиерот Заев.

За оваа операција да биде целосно успешна останува и понатаму апелот, нагласи премиерот Заев, да ги пречекате попишувачите и низ едноставна постапка и за многу кратко време секој граѓанин да го даде својот придонес и со тоа да имаме успешен попис како гаранција за сигурна и предвидлива иднина за сите нас.

Можете да прочитате

Филипче за Алта Банка: Сомнителен капитал одбиен во ЕУ, прифатен во Македонија

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања

Цените за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет ќе бидат зголемени