Утрински Весник
Свет

Автобус во Земун влета во парк за деца, четири се повредени

Автобус во Земун влета во парк за деца, четири се повредени

Невообичаена сообраќајна незгода се случила денеска во белградската општина Земун.

Како што пренесуваат српските медиуми, возач на градски автобус од засега сè уште непознати причини изгубил контрола над возилото и влетал во детски парк.

Според српски „Телеграф“, во несреќата се повредени пет лица – четири деца и еден возрасен. На местото биле испратени четири екипи на брзата помош, а повредените се пренесени во болница.

„Телеграф“ наведува дека автобусот удрил во автомобил, кој потоа удрил во друг автомобил, кој, пак, се забил во ѕид на локална продавница.

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег