Утрински Весник
Култура

Меморијална изложба за Петре М. Андреевски во новоотворениот културен центар во Слоештица

Меморијална изложба за Петре М. Андреевски во новоотворениот културен центар во Слоештица

Слоештица – селото со име за цел еден свет, минатите денови ги пречека гостите од ЕУ и прекуграничниот регион со Албанија на свечена конференција по повод завршувањето на проектот „Откривање на скриените атракции“ .

Великанот на македонскиот збор Петре М. Андреевски ја доби Меморијалната изложба која е поставена во новоотворениот Мултифункционален центар кој се реновираше во изминатите 22 месеци како дел од проектните активности со поддршка од ЕУ, Министерство за локална самоуправа и Општина Демир Хисар.

 

Заменик-амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во земјата, Џулијан Васало, отворајќи го Центарот, рече дека скриените села во Демирхисарско се дестинација за детокс од брзиот урбан живот.

Центарот се протега на 600 м2 нуди и сместување за 14 лица, отворена сцена за настани, сувенирница и затворено фоаје за средби.

Градоначалникот на Демир Хисар – општината носител на овој проект, Марјан Стојановски, рече дека партнерството со Општина Клос од Албанија прерасна во пријателство и дека кога се има визија и добра намера резултатите се неизбежни. Слоештица денес го слави и Петре М. Андреевски и ја слави својата посебност – креативната енергија на мештаните, која отсега има и сцена за покажување.

Претставувајќи ја Меморијалната изложба посветена на Петре М.Андреевски, Ирена Андреевска од Арт Поинт-Гумно кажа дека Петре никогаш не ја напушти Слоештица – неговата вечна инспирација и дека со оваа изложба токму во Слоештица тој продолжува да живее и по неговата смрт.

Проект-менаџерот Емилија Ѓероска им се заблагодари на граѓаните од Демирхисарско кои беа активни во изминатите 22 месеца за да се реализира проектот и заедно ги откриваа скриените атракции пред посетителите од земјата и странство и изјави:

„Ова започна како визија на неколкумина а прерасна во гордост за цел Демир Хисар и Македонија, зошто заедно изградивме место во кое се слави духот на демирхисарци, нашата култура и гостопримливост“.

Таа истакна дека овој проект е вистински пример на заедничка работа на сите вклучени партнери, општините Демир Хисар и Клос, организациите Арт Поинт-Гумно и Флаг од Албанија.

Проектот е финансиран со 455.633 евра во рамките на ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.

Текстот Меморијална изложба за Петре М. Андреевски во новоотворениот културен центар во Слоештица е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“