Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЈСП Скопје со повик до бруцошите да извадат бесплатен годишен билет

ЈСП Скопје со повик до бруцошите да извадат бесплатен годишен билет
300x250 opst2

Од ЈСП Скопје ги информираат сите редовни студенти запишани за прв пат во учебната 2021/2022 година на некој од државните факултети во главниот дека имаат право на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз.

Процедурата за издавање на билетот се врши во центрите за персонализација на ЈСП Скопје.

Неопходно е лично присуство на студентот кој треба да приложи потврда за редовен студент издадена од матичниот факултет, лична карта и индекс на увид и 200 денари, еднократен надомест за изработка на персонализирана картичка „Скопска“.

На бруцошите, билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година.

Останатите студенти, за да ја продолжат важноста на билетот за 2022 година, треба да достават потврда за редовен студент не постара од еден месец и да приложат индекс со запишан зимски семестар.

Право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје на додипломски студии, без ограничување на возраста.

„Потсетуваме дека единствено ‘Скопска’ со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет. Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично“, појаснуваат од ЈСП.

Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа.

За дополнителни информации, студентите можат да се обратат на 02-3171-881, во Одделение за продажба при ЈСП Скопје, како и на фејсбук страницата на претпријатието.

Можете да прочитате

Почивалец: Ќе изградиме стационар за кучињата скитници во Радовиш

Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес, еден загинат, еден тешко повреден

ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС