Утрински Весник
Магазин

Ќерката на Мадона позира во долна облека „Севиџ икс Фенти“

Ќерката на Мадона позира во долна облека „Севиџ икс Фенти“

Сите погледи беа вперено кон неа на минатонеделната „Мет гала“ кога се појави во розов фустан „Москино“, мошне смело издание.

Лурдес Леон се одлучи за нешто уште посмело и попровокативно на фотографиите што ги сподели на својот Инстаграм-профил во средата, пред претстојното модно шоу на брендот на Ријана, „Севиџ икс Фенти“.

24-годишната манекенка и ќерка на поп-кралицата Мадона позира во светликав тиркизен сет од врвниот бренд за женска долна облека.

Лурдес ги покажува своите облини во градник од винил и латекс чизми до бутовите.

Можете да прочитате

Принцот Хари откри дека паднал во депресија по преселбата во Канада – Не можев да функционирам, бев целосно исцрпен

Беше мис на Албанија, сега е спортска новинарка: 21-годишната Франческа ги запали социјалните мрежи

Туркије ја зајакнува заштитата на културното наследство: Дронови ќе ги надгледуваат Сардис и Бин Тепе