Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ упорно ги кочи законските измени за недела неработен ден

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ упорно ги кочи законските измени за недела неработен ден
Ss2

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за труд и социјална политика немаат намера да се откажат од блокирање на измените на Законот за работни односи за недела неработен ден, обвинуваат од СДСМ.

„Овие законски измени создаваат можност 92 отсто од вработените да одмoраат во недела и да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против работниците кои чесно си ја заработуваат платата?“, се вели во реакцијата од владејачката партија.

Ss1

Според СДСМ, на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ освен нивните лични и партиски интереси не им е важен никој.

„Ваквото деструктивно однесување од ВМРО-ДПМНЕ е вообичаена пракса. Тие уште се противат 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување. ВМРО-ДПМНЕ е против работниците, против наставниците, против здравствените работници, против припадниците на Армијата“, стои во партиското соопштение во кое се нагласува дека токму затоа на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее нов, седми пораз.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт