Утрински Весник
Свет

Нема преживеани по падот на руски авион „ан-26“

Нема преживеани по падот на руски авион „ан-26“

Ниту еден од шесте членови на екипажот не го преживеал падот на авионот Антонов „ан-26“, кој се урна во средата во регионот Хабаровск, на далечниот исток на Русија, пренесува ТАСС, врз основа на првите информации од извор од руската спасувачка служба.

Како што е наведено, хеликоптер „ми-8“ ги открил остатоците од авионот, а вкупно 140 луѓе и 35 возила учествувале во акцијата за пребарување и спасување.

Рускиот транспортен авион „ан-26“, во кој имало шест членови на екипажот, се урна вчера, на околу 38 километри од градот Хабаровск, на крајниот исток на Русија, при извршување на технички задачи за проверка на системот за контрола на летање на руските аеродроми.

Можете да прочитате

Жена загина, а две лица се повредени во напад во училиште во Полска, уапсен е 15-годишен ученик

ФБИ уапси тинејџер кој планирал масовен напад во трговски центар во Минесота

СЗО: Нема целосна слика за случајот со можна смрт од чума во Русија