Утрински Весник
Свет

Нема преживеани по падот на руски авион „ан-26“

Нема преживеани по падот на руски авион „ан-26“

Ниту еден од шесте членови на екипажот не го преживеал падот на авионот Антонов „ан-26“, кој се урна во средата во регионот Хабаровск, на далечниот исток на Русија, пренесува ТАСС, врз основа на првите информации од извор од руската спасувачка служба.

Како што е наведено, хеликоптер „ми-8“ ги открил остатоците од авионот, а вкупно 140 луѓе и 35 возила учествувале во акцијата за пребарување и спасување.

Рускиот транспортен авион „ан-26“, во кој имало шест членови на екипажот, се урна вчера, на околу 38 километри од градот Хабаровск, на крајниот исток на Русија, при извршување на технички задачи за проверка на системот за контрола на летање на руските аеродроми.

Можете да прочитате

Украина вели дека нејзини дронови погодиле една од најголемите руски рафинерии за нафта

Џихадистите добиваат на сила во Мали: Министер убиен, хунтата потресена, руските сили се повлекуваат

Хамнеи: Персискиот Залив ќе има „светла иднина“ без присуство на САД