Утрински Весник
Магазин

Нетфликсовата серија „Аркејн“ откри плакати со ликовите

Нетфликсовата серија „Аркејн“ откри плакати со ликовите

„Нетфликс“ и „Рајот гејмс“ (Riot Games) претставија постери со осум ликови од претстојната анимирана серија Arcane. На постерите се прикажани некои од хероите на „Лигата на легендите“ како што се Џинкс, сестрата на Џинкс – VI, и други.

„Аркејн“ (Arcane) е прва анимирана ТВ-серија инспирирана од видео ирата „Лига на легенди“ (League of Legends).

Постерите исто така ги откриваат актерите кои ќе го позајмат својот глас за ликовите во анимираната серија. Гласот на Ви е Хејли Стејнфилд, Џинкс е Ела Парнел, Џејс (Кевин Алехандро), Кејтлин (Кејти Ланг), Силко (Џејсон Списак), Виктор (Хари Лојд) и други.

 

Лигата на Легенди (скратено LoL) е мултиплеер онлајн битка на арена видео игра.

Можете да прочитате

Глобалниот животен век ќе се зголеми за речиси 5 години до 2050 година

Цвеклото во борбата против високиот крвен притисок

Пол Макартни стана првиот британски музичар милијардер