Утрински Весник
Македонија

Изменет сообраќаен режим во Скопје поради настанот „Ден без автомобили“

Изменет сообраќаен режим во Скопје поради настанот „Ден без автомобили“
Dik 300x250 mk

Со почеток од 11:00 часот, во организација на Град Скопје – Сектор за сообраќај, ќе се одржи настан под наслов „Ден без автомобили“ организиран со цел одбележување на Европската недела на мобилност 2021.

Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко- ул. Филип Втори Македонски, лево по бул. Гоце Делчев, лево по бул. ВМРО, десно по бул. Партизански одреди, десно по бул. 8 Септември  и десно по бул. Илинден до Градски парк (школка).

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11:00 часот до завршување на настанот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Можете да прочитате

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје повторно протестираа

Николоски: Од денеска за Мадрид се лета од Скопје, до сега воведовме вкупно 21 авиолинија, бележиме силен раст на патници на двата аеродроми

Почна „Енерго-Технома 2025“ – на едно место ги спојува знаењето и технологијата за одржлива иднина