Утрински Весник
Спорт

Мечот во Мостар прекинат, запален автомобилот на судиите

Мечот во Мостар прекинат, запален автомобилот на судиите

Натпреварот во првенството на Босна и Херцеговина помеѓу Вележ и Борац од Бања Лука не го доживеа својот крај. Домашните навивачи во 82.минута влетаа на теренот и го прекинаа натпреварот. Тие сакале да се пресметаат со судиите и гостинските фудбалери.

Натпреварот е прекинат при резултат 0:2.

Мечот во Мостар имал и свое трето полувреме. Кај Јабланица, било нападнато возилото во кое се наоѓале судиите. Некои од нив биле повредени, а возилото запалено.

Фото/ sportsport.ba

> Мечот во Мостар прекинат, запален автомобилот на судиите <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0