Утрински Весник
Свет

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем во светот, пренесуваат агенциите.

„Американската воена моќ треба да биде нашата последна опција, а не да се користи како одговор на секој проблем што го гледаме во светот“, рече Бајден во обраќањето на 76-та сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Тој нагласи дека Соединетите Американски Држави и партнерите мора да работат заедно како никогаш досега поради закани по безбедноста, просперитетот и слободата.

Додаде дека САД не сакаат проблеми и нова Студена војна.

„Не сакаме нова Студена војна или свет поделен на ригидни блокови. Повторувам уште еднаш, не се стремиме кон тоа“, рече американскиот претседател.

Нагласи дека ќе го одржи ветувањето за Иран и нуклеарното оружје и додаде дека ќе продолжи со дипломатските напори за враќање на нуклеарниот договор.

Тој се осврна и на израелско-палестинското прашање, велејќи дека поддржува решение за две држави, велејќи дека тоа е најдобриот начин да се обезбеди иднината на Израел како еврејска демократија и одржлива и суверена палестинска држава.

На крајот, Бајден ги повика светските лидери да изградат подобра иднина.

„Јас и вие имаме волја и капацитет да го направиме тоа подобро“, рече Бајден во своето обраќање.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети