Утрински Весник
Македонија

Шаќири: Владата ќе добие грант од 350.000 долари за реализација на електронски услуги

Шаќири: Владата ќе добие грант од 350.000 долари за реализација на електронски услуги

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска беше домаќин на состанокот со претставници од Амбасадата на САД и претставници од Естонскиот центар за источно партнерство.

На оваа средба беше потврден грантот што Владата на Република Северна Македонија ќе го добие од овие 2 институции во износ од 350.000 американски долари за реализација на активности за менторство и помош во имплементацијата на електронските услуги на јавните институции во Северна Македонија во следните 18 месеци.

Министерот Шаќири на средбата истакна дека министерството целосно е посветено на функционирање на дигитализацијата. Според него и покрај сопствените буџетски средства се чини се, за да се анимираат и привлечат сите страни и партнери кои се подготвени да помогнат на патот кон зголемување на транспарентноста на институциите, олеснување на процедурите и услугите преку електронските услуги, подобрување на демократијата во државата и унапредување на дигиталните вештини на јавната администрација.

Министерот Шаќири на средбата изрази благодарност до Амбасадата на САД за континуираната поддршка што ја даваат на министерството.

Можете да прочитате

Државата воведува ред и двојно профитира од рудниците – колкав буџетски прилив ќе има од инвестициите како „Иловица“? 

Велешанец затекнат при обид да изврши кражба во црква

Левица бара повлекување на законите за дата-центри: „Огромна потрошувачка на струја, а мала корист за граѓаните”