Утрински Весник
Спорт

„Челси е најсериозниот кандидат за титулата во Премиер лигата“

„Челси е најсериозниот кандидат за титулата во Премиер лигата“

Челси е фаворитот на Алан Ширер оваа сезона во Премиер лигата. „Сините“, по првите пет рунди се на чело на табелата, заедно со Ливерпул и Манчестер јунајтед.

„Трката за титулата само што започна, но Челси веќе делуваат како незапирлив тим. Екипата на Тухел изгледа импресивно. Дури и кога не играат добро, кога ќе им се случи нешто непланирано, како што беше исклучувањето на Џејмс против Ливерпул, тие можат да бидат рамноправни со својот противник. Со блескавата победа над Тотенхем, само потврдија дека имаат силен тим и одличен тренер“, рекол Ширер.

Челси, во сабота, во дербито на колото ќе го пречека актуелниот шампион Манчестер сити.

„Сигурно не се плашат од Сити. Челси и Тухел минатата сезона три пати го победија Сити, вклучувајќи го и триумфот во финалето во Лигата на шампионите. Повторно ќе бидат подготвени за Пеп Гвардиола, сигурен сум во тоа“, заклучил Тухел.

> „Челси е најсериозниот кандидат за титулата во Премиер лигата“ <

Можете да прочитате

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори

Познати двојките во првото квалификациско коло на Macedonian Open 2024

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине