Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски повторно пред избори оди кај Никола Груевски, неговиот шеф и главен финансиер, по пари и совети

СДСМ: Мицкоски повторно пред избори оди кај Никола Груевски, неговиот шеф и главен финансиер, по пари и совети
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пред секои избори, Мицкоски или некој од партијата мора да отиде во Будимпешта, кај неговиот ментор, шеф и главен финансиер, Никола Груевски, реагира СДСМ по информацијата за средбата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

„Минатата година, пред изборите Мицкоски исто така беше во Будимпешта. Ако тогаш отиде за Груевски да му ги состави листите за пратеници, дали сега Мицкоски отишол по пари за кампања за овие избори?

Новите насоки за деструктивност, блокади и кочење на републиката што Мицкоски ќе ги добие од Груевски ќе видиме.

Очигледно е дека Мицкоски не може да излезе од матрицата на Никола Груевски, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е раководена од Будимпешта.

Затоа на овие избори, нереформираната ВМРО-ДПМНЕ и нејзините погубни политики уште еднаш ќе бидат поразени од граѓаните“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

 

Можете да прочитате

Среќна Нова Година од екипата на 24инфо!

Мицкоски утре во работна посета на Кавадарци

Со концертот во Крива Паланка заврши празничниот караван „Нека трепка“