Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Хаос на протест во Мелбурн – полицијата бегаше со возило од бесните демонстранти

(Видео) Хаос на протест во Мелбурн – полицијата бегаше со возило од бесните демонстранти
Img 7972

Во Мелбурн веќе два дена траат протестите против задолжителната вакцинација и епидемиолошките мерки. Градежните работници, кои се поддржани од антиваксерите, тврдат дека е директно загрозена нивната егзистенција.

Протестот е насочен против прописите на владата на сојузната држава Викторија, чиј главен град е Мелбурн, инаку втор по големина во Австралија, што бара сите градежни работници да бидат вакцинирани. Властите одлучија и да ја затворат градежната индустрија две недели, поради лошите мерки за заштита при работа и зголемениот број случаи меѓу градежниците –  409 потврдени случаи.

По осум часа протест за време на кој илјадници луѓе предизвикаа хаос во градот и го блокираа главниот пат, полицијата со помош на гумени куршуми, солзавец, димни и шок бомби успеа да ги растера демонстрантите и да уапси 62 лица.

Видео кое кружи на Твитер покажува како полицијата почнува да бега со автомобили откако гневните демонстранти тргнаа кон нив. Тие се обидоа брзо да ги свртат службените возила и да побегнат, меѓутоа, револтираните граѓани ги стигнаа.

Некои од нив почнаа да фрлаат камења и шишиња по автомобилите, додека други отидоа чекор подалеку и почнаа да ги удираат возилата со рацете и да кршат ретровизори и ветробрански стакла.

Полицискиот автомобил потоа застанал и вооружените полицајци тргнале кон толпата, која во тој момент почнала да бега.

Командирот на државната полиција Викторија рече дека безбедноста на јавноста е нивна главна цел и дека протестите ќе бидат прекинати.

Во еден момент, среде шпицот, демонстрантите го блокираа главниот пат во градот.

 

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа