Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието
Img 7972

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања и амбасадата на САД на кој се разговараше за планираните активности во делот на дигитализацијата на образованието и развојот на дигиталните вештини, преку проект поддржан од Естонскиот центар за источно партнерство (ЕЦИП) и финансиран од Естонија и САД.

„ Проектот којшто го започнува Секретаријатот за европски прашања, а е во насока на поддршка на дигитализацијата во Северна Македонија е дел од приоритетите на Владата за носење на европски вредности дома, меѓу кои и дигитализацијата на образованието. Министерството за образование и наука е мапирано како релевантно министерство за споделување на искуства и информации, како и за состојбите во однос на дигитализација на процеси и услуги во образованието, со цел поефективно планирање и дефинирање на понатамошните активности на проектот“ велат од МОН.

Целта на проектот, како што додаваат, е да се споделат најдобри практитки и искуства од естонската дигитализација, а дел од активностите на проектот вклучуваат: обуки и менторство за релевантните државни службеници и институции во Северна Македонија, развој и имплементација на решение за е-управување и техничка поддршка и управување со промени.

Проектот ќе се спроведува во времетраење од 18 месеци, а започнува преку средби и заеднички работилници со претставници од релевантни институции и други чинители од Северна Македонија.

Можете да прочитате

СДСМ: За формирање многудетно семејство потребен е достоинствен приход за семејствата, Мицкоски ги уништи приходите

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане со собирање политички поени на најголемата трагедија која ја потресе Македонија

Пред бројни гости свечено се отвори „Букстар“, врачена наградата на Блаже Миневски