Утрински Весник
Свет

Трета доза вакцина за лекарите и лицата постари од 60 години во Грција

Трета доза вакцина за лекарите и лицата постари од 60 години во Грција

Грција ќе им понуди на лекарите и на другиот медицински персонал трета доза од вакцината против Ковид-19, објави денеска Министерството за здравство.

Здравствените советници веќе препорачаа вакцинација за ранливите групи и оние над 60 години, пишува „Ројтерс“.

Вакцинацијата не е задолжителна, рече Мариос Темистоклеус, генерален секретар задолжен за вакцинација против Ковид-19.

Грција денеска пријави 2.126 нови инфекции и 39 смртни случаи, со што вкупниот број на заразени се искачи на 632.908, а смртните случаи на 14.505 од почетокот на пандемијата.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа