Утрински Весник
Македонија

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ
Dik 300x250 mk

Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во Општина Карпош со претседателот на партијатија
Стевчо Јакимовски како кандидат за градоначалник, додека во другите општини низ земјата ќе настапи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека изборната програма за Општина Капрош е веќе готова, а пред карпошани Јакимовски ќе ја бара довербата со квалитетни решенија за нивните проблеми.

Формиран е и Централниот Изборен Штаб на ГРОМ.

„Извршниот Одбор на партијата го констатираше составот на Централниот Изборен Штаб за претстојните Локални Избори 2021 година. За шеф на Изборниот Штаб е избран Генералниот Секретар, Крсте Петревски, а за заменик е избран Александар Трајановски, Претседател на Градската Организација на Скопје“, информираа од партијата.

Можете да прочитате

Речиси 50.000 неважечки ливчиња на вчерашните избори

Биљана Ивановска: Освоивме 4.465 гласа со само 1500 евра донација од ЕУ

Тетовец со нож им се заканувал барајќи пари на родителите кои ги избркал од дома