Утрински Весник
Магазин

Еми-награди 2021: „Круната“ и „Тед Ласо“ триумфираа во главните категории

Еми-награди 2021: „Круната“ и „Тед Ласо“ триумфираа во главните категории

Кралската драма на Нетфликс, „Круната“, и комедијата на Епл ТВ, „Тед Ласо“, беа големите победници на Еми-наградите во неделата.

Трофеите за „Круната“ вклучуваат најдобра драмска серија, плус четири актерски победи за Џилијан Андерсон, Оливија Колман, Џош О’Конор и Тобиас Мензес.

„Каков прекрасен крај на најнеобичното патување со ова прекрасно семејство“, рече Колман за нејзината последна серија во улогата на кралицата Елизабета Втора.

„Ја сакав секоја секунда и едвај чекам да видам што ќе се случи понатаму “.

А потоа во емотивен наплив, таа додаде: „Би сакала татко ми да беше тука да го види ова. Го изгубив за време на Ковид. Многу ќе му се допаднеше сето ова.”

Можете да прочитате

Зорица Брунцлик итно префрлена на хирургија

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри