Утрински Весник
Спорт

UFC Fight Night: Смит го задуши Спан, Бекли со аперкат го реши Ароја

UFC Fight Night: Смит го задуши Спан, Бекли со аперкат го реши Ароја

Ентони Смит синоќа во главната борба на „UFC Fight Night 192“ уште во првата рунда со гушење го порази Рајан Спан во борба во полутешка категорија.

Смит, кој дојде до третиот триумф по ред, со неколку удари го здрма противникот, па го фати Спан за врат и му немаше помош – мораше да ја предаде борбата.

Најспектакуларниот нокаут на вечерта беше дело на Жоакин Бекли кој со огромен хематом на челото го нокаутираше Ентони Ароја. Бекли во текот на целата борба се бореше со повредата на главата, а на средината на последната рунда со силен аперкат го сруши противникот, па го „доврши“ на партерот.

> UFC Fight Night: Смит го задуши Спан, Бекли со аперкат го реши Ароја <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија