Утрински Весник
Спорт

Радукану вели дека родителите ќе се грижат за милионите

Радукану вели дека родителите ќе се грижат за милионите

Новокрунисаната шампионка од САД опен, Ема Радукану вели дека ќе остави нејзините родители да се погрижат за наградата од 2.5 милиони долари која ја доби во Њујорк, и признава дека уште не си приуштила ишто скапо.

18-годишната Британка, која се врати во својата татковина по славната победа, вели дека таа ќе се фокусира на тенисот, додека родителите ќе се грижат за финансиите.

„Ќе ги оставам тие работи на моите родители. Тие може да се погрижат за тоа, а искрено уште не сум отишла на шопинг. Имам лоши навики како и секој тинејџер. Секогаш оставам мешаница зад мене и мора да работам на тоа“, вели Радукану.

Ниту нејзиниот татко, Јан, ниту нејзината мајка, Рене не можеа да патуваат во Њујорк за да го гледаат финалето поради ограничувањата поради пандемијата на КОВИД-19. Британските медиуми тврдат дека ова е само почеток на финансиските придобивки на Радукану, по големите спонзорски договори кои сигурно ќе дојдат за тинејџерката.

> Радукану вели дека родителите ќе се грижат за милионите <

Можете да прочитате

Адеми погоди Динамо Загреб слави нова шампионска титула

МЗТ Скопје без проблеми стаса до финалето во мак-баскетот каде ќе ја брани титулата

Барнли по една сезона во Премиер лигата се враќа во Чемпионшип дивизијата