Утрински Весник
Македонија

Шекеринска гостинка во домот на Медлин Олбрајт

Шекеринска гостинка во домот на Медлин Олбрајт

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, при нејзината посета на САД, денеска оствари средба со поранешната американска државна секретарка, Медлин Олбрајт.

Медлин Олбрајт, како што објави Шекеринска на социјалните мрежи, не е само жива легенда на американската политика, туку и гласен адвокат за демократија и човекови права.

„Некогашната државна секретарка на САД, прва жена на таква функција во историјата на САД, која одблиску беше инволвирана во случувањата на Балканот во 90-тите, ме прими во нејзиниот дом во Џорџтаун, кој е сведок на нејзиното богато политичко минато. Ме замоли да пренесам благодарност во Скопје за прифаќањето на евакуираните граѓани од Авганистан кои работеа за невладини организации од САД.

Нејзиниот дом го напуштив со силни импресии и со чувство на почестеност што разговарав со важна фигура од врвот на светската дипломатија, чиј збор се уште одекнува и тежи“, пишува Шеќеринска на својот фејбук-профил.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“