Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Со нови закони до ефикасна борба против корупцијата

Маричиќ: Со нови закони до ефикасна борба против корупцијата

Министерот за правда Бојан Маричиќ на завршната конференција „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на Планот за борба против корупцијата“, ја истакна поддршката што Министерството за правда ја дава во спроведувањето на проектите и активностите од Акција 21 за европски стандарди дома, преку реализација на предвидената законодавна агенда и спроведувајќи ги реформите.

„Веќе е изработена физибилити студија за нов предлог-закон и во тек е процес на разработување на модел за реална контрола на потекло на имот. Се работи и на подготовката на измени и дополнувања на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси со цел, не само надминување на слабости во текстот на Законот утврдени од страна на Државата комисија за спречување на корупцијата во неговата примена, туку и унапредување на инструментите за анализа на податоци кои и се потребни на Државната комисија во вршењето на нејзините надлежности“, потенцираше министерот.

Маричиќ додаде дека ова е општествен проблем кој не се решава преку ноќ, дека проблемот е системски и потребно е време. Борбата со корупцијата мора да биде континуирана, затоа остануваме цврсто на нашата определба и приоритет, и таа борба ќе ја добиеме, додаде тој.

Можете да прочитате

Возач во ЈСП бил натепан затоа што не пуштил патник да се качи надвор од станица

Тело на исчезнат скопјанец извадено од водите на Вардар

Филипче прашува: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?