Утрински Весник
Култура

Документарниот филм со работен наслов Ironman освои награда во Белград

Документарниот филм со работен наслов Ironman освои награда во Белград
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Документарниот филм со работен наслов Ironman, во продукција на ОПИУМ ФИЛМ од режисерите Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов е добитник на наградата East Silver Caravan Award, во програмата Beldocs in Progress на 14. БЕЛДОКС – Меѓународен фестивал за документарни филмови во Белград, кој се одржа од 13-16 септември.

Како што информираат од продукцијата, филмот се снима и развива веќе трета година, а досега бил на повеќе работилници за развој на документарни филмови во Белград, Софија, Призрен, Лајпциг, Сараево, Рига и Поградец, како единствен претставник од нашата држава.

Од ОПИУМ ФИЛМ исто така посочуваат дека филмот досега два пати е одбиен за финансирање на филмски проекти од страна на Агенцијата за филм на РСМ.

Текстот Документарниот филм со работен наслов Ironman освои награда во Белград е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“