Утрински Весник
Култура

Проекција на филмот ТМ во Куманово

Проекција на филмот ТМ во Куманово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Долгометражниот филм ТМ ќе биде прикажан во понеделник (20 септември) во Центарот за култура „Tрајко Прокопиев” во Куманово, со почеток во 19:30 часот.

ТМ е снимен е според сценарио и режија на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов, и е нивен втор долгометражен филм, по првиот ‘Копање’ од 2018 година.

Во главни улоги се Ивица Димитријевиќ и Наталија Теодосиева, а улоги толкуваат и Гораст Цветковски, Димитрија Доксевски, Александар Ѓоргиески, Драгана Костадиновска, Џано Куч, Срѓан Јаниќијевиќ, Александар Степанулески, Сашо Алексиевски, Марко Крстевски и Владица Младеновски.

Филмот трае 60 минути, а влезот ќе биде со донација на врата.

Влезот и присуството во салата ќе биде согласно важечките здравствени протоколи за настани во затворено, информира организаторот на проекцијата Wire Entertainment (Ваер Ентертејнмент) од Куманово.

Текстот Проекција на филмот ТМ во Куманово е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“