Утрински Весник
Македонија

Предложен притвор за скопјанецот кој одгледувал марихуана во станот на неговиот покоен дедо

Предложен притвор за скопјанецот кој одгледувал марихуана во станот на неговиот покоен дедо
Dik 300x250 mk

Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 33-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што информираат од обвинителството, постои основано сомнение дека 33-годишникот во станот во кој живеел и во станот на неговиот покоен дедо во Скопје недозволено одгледувал, преработувал и држел за продажба марихуана.

При претрес во домот на осомничениот на булеварот АСНОМ во Скопје биле пронајдени и одземени вкупно 71 стебло од растението канабис, повеќе пакувања со марихуана, гранки во процес на сушење, тегли и други пакувања со семки од марихуана.

Во втората илегална импровизирана лабораторија, пак, во стан на булеварот Партизански одреди, полициските службеници откриле уште 81 стебло од растението канабис, кои се одгледувале во специјално направени услови со инсталирано посебно осветлување и температурни услови.

Во станот биле пронајдени и 12 помали саксии со насади, ламби, вентилатори, засилувачи и друга опрема за производство на марихуана.

Јавниот обвинител до судот доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека ваквата мерка е неопходна за непречено водење на постапката.​​

Можете да прочитате

Продолжен притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, неговата одбрана најави жалба на Апелација

Полициски службеници спасија лице во Куманово при обид за самоубиство

Загина 69-годишен маж, со возилото излетал од патот во Гостиварско