Утрински Весник
Македонија
Img 7972

На скопскиот аеродром пристигнува нова тура на бегалци од Авганистан

На скопскиот аеродром пристигнува нова тура на бегалци од Авганистан
Img 7972

Од Владата информираат дека денеска на скопскиот аеродром ќе пристигне нова тура на бегалци од Авганистан.

Доаѓањето е најавено за околу 16 часот, но од владината прес-служба засега нема информации околу бројката на жители од Авганистан кои се очекува денеска да пристигнат во Скопје.

Она што е познато е дека првите 149 од најавените 780 бегалци од Авганистан кои ќе бидат привремено сместени во Македонија, допатуваа во земјава доцна вечерта на 30 август.

Под строго полициско обезбедување поголемиот дел од бегалците беа префрлени и сместени во хотелот Белви, на 12 километри од главниот град.

Од МВР тогаш соопштија дека се вршат сите безбедносни проверки, а Министерството за здравство ги тестира дојдените на Ковид-19.

За позитивните на коронавирус беше најавено дека се упатуваат во 14-дневен карантин.

Една жена во одмината бременост, при првото доаѓање на бегалците, веднаш беше прифатена во болница со амбулантно возило, а подоцна беше соопштено дека родила здраво машко дете.

Авганистанските граѓани, чиј живот е во опасност откако талибанците ја презедоа власта во нивната земја, во изминатите 20 години работеле во демократски институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан.

Можете да прочитате

(Видео) Хакери ја бутнаа веб-страницата на скопската Автобуска станица и се закануваат кон македонските власти

Уставните промени се последниот чекор кон ЕУ, порача Фон дер Лајен

Кузмановски: Со реални и остварливи проекти до поубава и напредна Битола